Infomatrix Food Production

Производството и дистрибуцијата на прехранбени производи е уникатна индустрија во повеќе аспекти. Следење на залихите и трошоците e од клучна важност за постигнување на крајна профитабилност. Infomatrix Food Production е направен посебно за да им помогне на производителите ефикасно да се справат со оперативните предизвици кои оваа индустрија ги има.

Со ова моќно решение, производителите можат ефикасно да ги управуваат своите средства и целосен ланец на производство. Infomatrix Food Production ги интегрира сите процеси од суровина до продажба и им овозможува на компаниите ефикасно да ги менаџираат цените и трошоците и со тоа да го максимизираат својот профит.

Системот ви овозможува темелна автоматизација на процесот на евиденција на движењето на суровините, амбалажата и готовите производи низ системот. Таа евиденција произведува важни прегледи, како:

Состојба на магацинот со суровини и/или амбалажа.

Преглед на влезот и излезот на суровините и/или амбалажата според производствените транши.

Состојба на производството во тек, евиденција на готовите производи (со рокови на траење, датуми на производство, итн.).

Залихата се формира автоматски, со секоја изработка на производот. Исто така, се формира и комплетен преглед на набавната вредност на употребените материјали и услуги, односно – производна цена. Добивањето на оваа информација со само еден клик е сржта на Infomatrix Food Production. Овој пакет на системот е направен со целосно разбирање за проблемите и предизвиците со кои производителите на храна се соочуваат.

Според принципот дека тоа што ќе се внесе во системот може и да се добие во преглед, се овозможува итно следење на трошоците, а со тоа и можност поефикасно да се управува со работењето. Моќниот систем ги опфаќа на сите информации кои се во оптек во компанијата, во комбинација со темелната и автоматска обработка на информациите Infomatrix Food Production ви овозможува со само еден клик да ги добиете сите информации за екстерни и интерни потреби. На пример:

  • Преглед на пресметан ДДВ.
  • Разни лагер листи, ценовници.
  • Прегледи на изработени документи.
  • Прегледи на остварен промет, итн.

Koга врз постоечката работа ќе се имплементира Infomatrix Food Production, интегрираниот тeк на информации и автоматизираниот преглед на извештаи, бизнис процесите ќе постигнат оптимална ефикасност. Очигледното подобрување на ефикасноста е резултат на дизајнот на Infomatrix Food Production како ERP систем. Квалитетно изработен ERP е нервен систем на компанијата кој обезбедува бизнис интелегенција, Infomatrix Foods е направен за да воведе надпросечна интелигенција.