Infomatrix Retail
Infomatrix Retail е верзија на Infomatrix кој е специјално дизајниран за трговски компании чиј што профит зависи од добри маржи и висок обрт. Имајки ги на ум сите најважни одлики на трговските бизниси, внимававме модулите во оваа верзија на Infomatrix да ви ги дадат сите потребни алатки за менаџирање на трошоците и зголемување на профитот на вашата компанија.
Infomatrix Retail може да ви помогне во неколку критични процеси во управувањето на вашaта компанија преку:
Следење на целиот синџир на набавка по категории, цени, време и локации.
Следење на дистрибуцијата и транспортот на производите. Навремен увид во залихите и магацинот.
Асистирање во планирањето и бизнис процесите.
Заштита на важните деловни податоци со низа на сигурносни мерки.
Конверзија на податоците во информации за носење одлуки.
Со информатичкиот систем ви можете да ги постигнете поголема ефикасност и профитабилност бидејки Infomatrix Retail врши:
Интеграција низ сите бизнис процеси
Единствен ERP систем ги врзува продажбата, оперативата и сметководството, и функционира како нервен систем на компанијата.
Автоматизација и зголемена продуктивност
Интегрираниот систем е по дизајн помалку подложен на грешки, попрецизен и побрз. Ја намалува рачната работа и ги ослободува вработените од излишни задачи, за да може да се фокусираат на профитабилни активности.
Зголемени перформанси
Со интеграцијата и автоматизацијата, Infomatrix Retail обезбедува интегрирање на податоците, се избегнува дуплирање на податоците, прекини и нема двојна работа. Кумулативниот ефект од овие позитивни промени е да се постигне целокупно зголемување на перформансите на компанијата.
Квалитетни и прецизни извештаи и анализи
Имајки ги собрани сите податоци кои поминуваат низ компанијата, Infomatrix Retail овозможува генерирање на извештаи и анализи со само еден клик.
Овозможување на вашите потрошувачи да им дадете додадена вреднoст
Преку нашите иновативни решенија и персонализирани услуги, ние ви помагаме да ги надминете очекувањата на вашите клиенти, обезбедувајќи им производи и услуги кои носат вистинска вредност. Ова не само што го подобрува нивното задоволство и лојалност, туку и го зголемува угледот и конкурентноста на вашата компанија на пазарот.