Бизнис Херој е прв „cloud“ софтвер на македонскиот пазар кој ќе ви помогне да управувате со бизнис процесите во вашата компанија, како што се сметководство, производство, набавка, архивирање, залихи. Со примена на Cloud технологијата, Бизнис Херој ви овозможува пристап до системот од било кој компјутер, во било кое време, само преку интернет пребарувач (Firefox, Chrome).
Независно од големината на вашата фирма, овој нов софтвер изработен од Инфопроект ќе ви помогне да ги намалите вашите ИТ трошоци. Бизнис Херој е особено корисен за микро, малите и средни претпријатија во Македонија бидејќи ги намалува трошоците при нивното работење.
Доколку сакате вашата компанија да работи попрофитабилно, треба да се определите за воведување на софтвер со кој ќе си го олесните управувањето со бизнис активностите. Колку побрзо овој систем ќе биде воведен, толку побрзо ќе се постигнат и посакуваните резултати. Бизнис Херој ви нуди лесен пристап до архивата на податоци и едноставно процесирање на активностите, штедејќи го вашето време и парите, бидејќи сите задачи се извршуваат побрзо без потреба од нова инвестиција.
Со овој софтвер се функционира како една голема структура, на безбеден и сигурен начин. Ваквиот пристап овозможува да се намалат грешките при работењето и да се зголемат перформансите на претпријатијата. Без оглед на физичката лоцираност на корисниците и нивните податоци, работењето на претпријатијата се одвива непрекинато. Достапноста и олеснетиот пристап кои се овозможени со овој софтвер ги рушат сите просторни и временски бариери за успешна реалзација на бизнис активностите.
Големиот број активности како што се продажбата, приемот на стоки, сметководството, производството, планирање, менаџирањето човечки ресурси итн., кои се дел од работата на едно претпријатие, одземаат многу време и се поврзани со големи материјални трошоци при нивната реализација. Голем број компании во светот токму поради овие причини се преориентираа и користат софтверски сервиси за да управуваат со различните аспекти на нивните бизниси. Без дополнителни трошоци за модернизиран хардвер, софтвер и специјално обучен ИТ кадар, користејќи стандардни интернет прелистувачи и конекција, овие претпријатија брзо, лесно и едноставно се вклопуваат во деловното секојдневие, бидејќи работат преку технологија која им е добро позната на сите.
Главната цел на секое претпријатие е да го зголеми својот профит. Ова е можно преку подобрување на ефикасноста на компанијата, зголемување на продажбата на производите и услугите, намалување на трошоците и сл. Софтверите кои се наменети за олеснување на управувањето со активностите на вашето претпријатие доведуваат до значајно подобрување на компаниското функционирање. Унапредување на работењето внатре, во самата копмпанија, меѓу нејзините различни сектори, се одразува и на квалитетот на бизнис комуникациите со надворешната средина, а на тој начин несомнено се зголемува и самата профитабилност.