Infomatrix Real Estate е целосно решение за градежните компании. Овој комплетен информатички систем ви обезбедува темелен преглед и анализа на вашите градежни проекти. Системот ги прибира сите податоци во текот на работењето и ги складира во ваша сигурна и детална датабаза поделена по типови, локации, припадност, цел, простор, материјал, работна рака и секоја друга категорија која би ја побарале.
Системот е интегриран и неговата цел да од било која локација може да ви даде јасни и детални анализи во секој момент со најновите податоци. Целта на системот е да во критичните моменти на работењето ви овозможни контрола на трошоците, да ве осигура дека нема да излезат од граница и да ја зголемат профитната маргина на проектот.
Infomatrix Real Estate содржи интегирани модули за материјали, залихи и фиксни средства кои се водат и запишуваат од објект или канцеларија, кое ја дава целосната слика за животниот тек на изведување на проектот.
Со оваа верзија на Infomatrix, добивате подобрување на работењето преку прегледи на:
- Сите објекти на компанијата – објект, локација, сопстевништво, статус, искористеност, простор.
- Внатрешна комплетираност на објектите – ѕидање, малтерсиување, поплочување, прозори, врати.
- Сите средства и ресурси на компанијата – залихи, материјали, работници, описи, поврзаност со старите објекти, релокации.
- Сите вработени во компанијата – систематизација, задачи, поварзност со објект, комплетираност, профил и кадар.
- Архива на компанијата – деловна и техничка документација.
- Трошковник на проектите – оперативни, капитални и комунални трошоци.