Infomatrix Retail е верзија на Infomatrix кој е специјално дизајниран за трговски компании чиј што профит зависи од добри маржи и висок обрт. Имајки ги на ум сите најважни одлики на трговските бизниси, внимававме модулите во оваа верзија на Infomatrix да ви ги дадат сите потребни алатки за менаџирање на трошоците и зголемување на профитот на вашата компанија.
Infomatrix Retail може да ви помогне во неколку критични процеси во управувањето на вашaта компанија преку:
- Следење на целиот синџир на набавка по категории, цени, време и локации.
- Следење на дистрибуцијата и транспортот на производите.
- Навремен увид во залихите и магацинот.
- Асистирање во планирањето и бизнис процесите.
- Заштита на важните деловни податоци со низа на сигурносни мерки.
- Конверзија на податоците во информации за носење одлуки.
- Овозможување на вашите потрошувачи да им дадете додадена вреднoст.
Со информатичкиот систем ви можете да ги постигнете поголема ефикасност и профитабилност бидејки Infomatrix Retail врши:
- Интеграција низ сите бизнис процеси. Единствен ERP систем ги врзува продажбата, оперативата и сметководството, и функционира како нервен систем на компанијата.
- Автоматизација и зголемена продуктивност. Интегрираниот систем е по дизајн помалку подложен на грешки, попрецизен и побрз. Ја намалува рачната работа и ги ослободува вработените од излишни задачи, за да може да се фокусираат на профитабилни активности.
- Зголемени перформанси. Со интеграцијата и автоматизацијата, Infomatrix Retail обезбедува интегрирање на податоците, се избегнува дуплирање на податоците, прекини и нема двојна работа. Кумулативниот ефект од овие позитивни промени е да се постигне целокупно зголемување на перформансите на компанијата.
- Квалитетни и прецизни извештаи и анализи. Имајки ги собрани сите податоци кои поминуваат низ компанијата, Infomatrix Trade овозможува генерирање на извештаи и анализи со само еден клик.