Инфопројект
  • Facebook
  • Linkedin
  • Twitter
  • Дома
  • Компанија
    • Компанија
    • Вредности
    • Нашиот тим
  • Корпоративен софтвер
    • Infomatrix Backup
    • Корпоративен софтвер
    • Infomatrix
    • Infomatrix Wholesales
    • Infomatrix Finance
    • Infomatrix Real Estate
    • Infomatrix Pharmaceutical
    • Infomatrix Food Production
    • Infomatrix Retail
    • Бизнис Херој
  • Ценовник
    • Ценовник на основни модули
    • Ценовник за поддршка
  • Технологија
    • Технологија
    • Услови за успешна имплементација
  • Контакт
  • EnglishEnglish
  • Home
  • Корпоративен софтвер

Корпоративен софтвер

Модерен информативен систем

Денес, во време на експлозивниот раст на информатичката технологија, кога економијата станува сè покомпетитивна и брзо променлива, секоја компанија која сака да напредува, порано или подоцна мора да развие ефикасен информатички систем за следење и поддршка на своето работење.
Притоа, мора да се знае дека еден ваков информатички систем треба да биде тесно интегриран со целокупниот процес на движењето на информациите, документите и стоката низ компанијата. Информативниот систем мора да ги подобри овие текови, да ги оптимизира и да извлече максимум од потенцијалот кој е содржан во информациите кои се движат низ него.
Информативни подсистеми

Еден комплексен информативен систем има соодветни детални потреби кои не можат да бидат „спакувани“ во една единствена програма.
Затоа, комплетното решение е поделено во субсистеми – од кои секој опфаќа одреден дел од работењето. Но, следејќи го начелото за интегриран информативен систем, ова никако не значи дека овие субсистеми се независни. Напротив, тие се тесно поврзани меѓу себе и творат една целина.
Со ова се постигнува поголема ефикасност во работењето и безбедност за достап до податоците.
Информативниот систем поддржува неограничен број на „сетови“ – комплети на податоци кои во секое време (дури и истовремено) можат да се активираат по желба и потреба на корисникот. На пример, ова наоѓа примена ако е потребно да се водат податоци за повеќе од една фирма, ако корисникот сака податоците да ги подели по години, да води вонбилансни податоци, итн. Сите сетови се меѓусебно независни и не постои преклопување на податоците, а сепак, тие се во секое време достапни.

Каде понатаму?

Business Intelligence

Иако овде опишаните субсистеми во потполност го поддржуваат работењето и даваат исцрпен увид во него, сепак, за успешно раководење е потребно и нешто повеќе.
Тоа „нешто“ е анализа на работењето со примена на напредни статистички и економски методи или „Business Intelligence“.
Оваа анализа не може едноставно да се врши на постоечките податоци од оперативното работење, особено кога ќе се акумулираат повеќе работни години. Освен тоа, многу е битно анализите да се вршат врз што подолг временски период, за да може коректно да се идентификуваат трендовите во работењето.
Инфопројект има изработено посебен пакет на софтвер кој ги опфаќа овие потреби. Со создавање на т.н. data warehouse (складиште на податоци) се овозможува акумулирање на податоците од разни извори (материјални, производство, финансово …) и нивна вкрстена анализа.
Софтверот има можност за однапред дефинирани прегледи, но и за креирање на прегледи од страна на самиот корисник. Ова креирање се прави низ интиутивен интерфејс, лесен за употреба и без познавање на програмирање или бази на податоци.
Инфопројект има екстензивно искуство во поставување на вакви системи, со примерна референтна листа.
Управување со стоки/материјали
produktОвој субсистем ги опфаќа сите информации кои се однесуваат на прометот на стоки, производи, производство и услуги во компанијата внатре и во нејзините односи со надворешни комитенти.

Управување со финансиски функции
pariГи обработува сите финансиски информации и документи во компанијата – овој субсистем е „нервниот центар“ на работењето на една компанија.

Податоци од доменот
sifarskiОснова на секој информативен систем е шифарскиот систем, т.е. базата на основни податоци од работењето на компанијата.

produkti-2-small

  • (02) 3090-233
  • [email protected]
  • Contact Us
    • Facebook
    • Twitter
    • Google+
    • Linkedin

Компанија

Вредности

Нашиот тим

Корпоративен софтвер

© 1989 - 2023 Infoproject