Драги корисници, овде можете да ја погледнете важечката лиценца за нашиот софтвер.
ЛИЦЕНЦА – ДОЗВОЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКА ПРОГРАМА (СОФТВЕР)
1.
Овој документ претставува лиценца – дозвола за користење на компјутерска програма (софтвер), која е индивидуална и интелектуална творба на нејзините автори: Ванчо Орданоски и Бранко Зафировски.
Авторите на софтверот имаат подеднакво, ексклузивно и изрично авторско право врз него.
Авторите настапуваат преку фирмата Инфопројект – Скопје (Infoproject), која е единствена овластена да врши дистрибуција на софтверот во интелектуална сопственост на авторите.
Во компјутерската програма (софтверот) спаѓаат:
- Извршниот код на софтверот
- Изворниот код на софтверот (доколку со договорот за инсталација е испорачан)
- Дефинициите на базите на податоци, табелите и специфичните типови на податоци
- Начинот на инсталирање, системските процедури и додатен оригинален код.
Во компјутерската програма не спаѓа софтверот кој е инсталиран заедно со неа и е неопходен за нејзино функционирање, а за кој носител на авторските права е друго лице и/или компанија. Правата за користење на овој софтвер корисникот е должен да ги обезбеди сам и на свој трошок, во согласност со правилата кои ги поставуваат респективните носители на тие права.
Авторите го задржуваат правото да го наведуваат своето авторство во било кој дел на компјутерската програма (софтверот) со назначување на своите имиња и/или името на фирмата инфопројект/Инфопроект/Infoproject и меѓународните ознаки за авторско право: © и/или ® или на друг соодветен начин.
Дозволата за користење – лиценцата на овој софтвер е нетрансферибилна, т.е. не може да биде пренесена на друго физичко и/или правно лице без претходна експлицитна и писмена согласност на авторите.
Дозволата за користење – лиценцата е перпетуална, т.е. издадена е на неопределно време.
2.
Корисникот има право да го користи овој софтвер во рамките на условите, рестрикциите и лимитите содржани во овој документ.
Со оваа дозвола корисникот не се стекнува со никаков вид на сопственост над компјутерската програма (софтверот), туку само го обезбедува правото на негово користење. Единствени сопственици на софтверот се неговите автори, Ванчо Орданоски и Бранко Зафировски.
Со овој документ на корисникот му се дозволува користење на софтверот во рамките на неговата работна организација, на интерната компјутерска мрежа, за максимум 25 истовремени и симултани корисници.
Корисникот има право да направи најмногу две копии на програмата за потреби за архивирање и користење според останатите услови содржани во овој документ.
Корисникот има право да врши репродукција на кодот и негова измена и без дозвола од авторот исклучиво за потреба на постигнување на интероперабилност на софтверот со друга компјутерска програма, под услов тоа менување да се ограничи исклучиво на оние делови на софтверот кои се потребни за постигнување на интероперабилноста.
Доколку корисникот врши измена на софтверот за постигнување на интероперабилност без претходна дозвола од авторите (на што има право), тогаш автоматски престанува да важи било каква гаранција која авторите или нивните застапници ја имаат дадено за компјутерската програма.
Не е дозволено информациите добиени заради интероперабилност да се користат за било која друга намена, ниту да се отстапат на трети лица, освен ако не се овластени од корисникот за постигнување на интероперабилноста.
Исто така, овие информации особено не смеат да се користат за производство или трговија со друга компјутерска програма што во својот израз е слична во суштина.
3.
Корисникот нема право да го дистрибуира софтверот во оригинал или во копија на други правни и/или физички лица без претходна експлицитна и напишана дозвола од страна на авторите.
Освен како што е претходно наведено, корисникот нема друго право на копирање или репродуцирање на софтверот, делумно или целосно, времено или трајно и независно од средствата и формата на тоа копирање.
Корисникот мора да ги означи сите делови од софтверот (како што е наведено погоре) за деловна тајна, и да го ограничи пристапот до овие делови само на лица кои непосредно го користат.
4.
Доколку било кое право на авторите на софтверот делумно или потполно биде нарушено и/или загрозено, корисникот автоматски го губи правото на користење на софтверот и е должен да ги уништи оригиналот и сите негови копии и за тоа писмено да го извести авторот.
Доколку со кршењето на правата на авторите, а поради дејствија на корисникот, тие финансиски се оштетени, корисникот е должен таа штета да ја надополни во целост, заедно со сите други произлезени штети.
5.
Авторите на софтверот гарантираат дека функциите содржани во него ќе функционираат без значителни програмски грешки. Во случај на кршење на оваа гаранција, корисникот има право на рефундирање на сумата платена за правото на користење на компјутерската програма.
Компјутерската програма (софтверот) кој е предмет на оваа Дозвола – лиценца за користење се дава на употреба во состојбата во која се наоѓа, без додатни гаранции освен оние искажани во претходната алинеа.
Сите други гаранции кои можат да бидат подразбрани во поглед на соодветноста на софтверот експлицитно се одбиваат. Во ниеден друг случај, авторите на софтверот, ниту Инфопројект, нема да му бидат одговорни на корисникот или на некоја друга страна за било каков губиток или штета, директна или индиректна, консеквентна или било која друга, која би можела да произлезе од употребата на овој софтвер.