Зголемувањето на конкуренцијата, како и барањето за што поголем и побрз обрт на стоките, налагаат тие да се испорачуваат директно кај купувачите – за разлика од магацинската дистрибуција, каде што купувачот сам доаѓа да ја избере и подигне стоката која ја купува. Дистрибуцијата на стока може да се случи или по претходна нарачка од страна на купувачот, или со т.н. амбулантна продажба. Во случај на амбулатна продажба, стоката е натоварена во одреден асортиман и количина во соодветно возило (пик–ап, комби или камион). Купувачот на лице место ја избира стоката која сака да ја купи, при што комерцијалистот–дистрибутер му ја издава, а исто така му дава и попратна документација. Оваа документација се состои од испратница/фактура со наведени производи, количини и цени, а во случај да се врши наплата во готово, се издава и каса–прими. Ако некој вид на стока во моментот не е натоварен во возилото, а купувачот сака да ја набави, комерцијалистот му издава заклучница–нарачка. Освен за дистрибуција, постојат и други можности за употреба на оваа технологија – на пример, собирање на комерцијално – маркетиншки информации од теренот, обработка на нарачки, собирање на статистички податоци, итн. Зголемена ефикасностВаквиот начин на работење исклучително многу ја зголемува ефикасноста бидејќи:
Процес на мобилна дистрибуцијаКако пример, овде ќе опишеме како функционира процесот на мобилната дистрибуција:
CRM системиИнфопројект има особено големо искуство во имплементација на CRM системи. Нашиот најголем клиент на ова подрачје е Imperial Tobacco, т.е. неговите локални фабрики и дистрибутери во Европа и дел од Азија. Апликацијата веќе достигна до верзија 3, а купувачот е особено задоволен од нејзините карактеристики. ТехнологијаИнфопројект поддржува повеќе разни произведувачи и модели на рачни компјутери. Поради својата робустност и издржливост, кај нашите клиенти едни од најомилените се производите на Psion Teklogix. |
- Home
- Мобилни апликации