НарачкиOnline [B2B]
Со употреба на оваа апликација, значително се зголемува пропусната моќ на примање на нарачки, бидејќи бројот на примени нарачки повеќе не е директно поврзан со бројот на комерцијалисти кои телефонски можат да ги примат и обработат.
НарачкиOnline се состои од двa посебни апликативни субсистеми: Купувачот е во можност да ги има сите потребни информации за продуктите кои ги нуди продавачот, нивните цени, количини на залиха итн. (Напомена: Видливоста на последните две информации зависи од политиката на продавачот).
Исто така, купувачот има комплетен увид во состојбата на неговите нарачки, до каде е стигнат секој процес, дали тие се одобрени, одбиени и точно за кои ставки се работи. Додатно, купувачот ги гледа финансиските податоци кои се однесуваат за него, фактурите кои му се издадени, итн. (И ова зависи од политиката на продавачот и од привилегиите ки ги има купувачот).Продавачот, исто така, има многу корист од системот. Значително се намалува стресот на комерцијалната служба при примање на нарачки, затоа што тој процес е дисконектиран – нарачките се прават од самиот купувач и автоматски пристигнуваат во централниот систем. Прочитајте повеќе на специјализираниот сајт. |