Инфопројект
  • Facebook
  • Linkedin
  • Twitter
  • Дома
  • Компанија
    • Компанија
    • Вредности
    • Нашиот тим
  • Корпоративен софтвер
    • Infomatrix Backup
    • Корпоративен софтвер
    • Infomatrix
    • Infomatrix Wholesales
    • Infomatrix Finance
    • Infomatrix Real Estate
    • Infomatrix Pharmaceutical
    • Infomatrix Food Production
    • Infomatrix Retail
    • Бизнис Херој
  • Ценовник
    • Ценовник на основни модули
    • Ценовник за поддршка
  • Технологија
    • Технологија
    • Услови за успешна имплементација
  • Контакт
  • EnglishEnglish
  • Home
  • Технологија

Технологија

Технологија применета во апликативниот софтвер

Информативниот систем на Инфопројект ги задоволува сите критериуми за модерна апликација.

Сите апликации кои ќе бидат инсталирани се базирани на web технологија.

Со развојот на web технологијата несомнено се наметна потребата од изведување на т.н. портали кои работат во локална мрежа (Интранет) или во надворешна мрежа (Интернет). Инфопројект започна со развој на овој Web базиран програмски пакет користејќи најсовремени програмерски алатки (PHP програмски јазик, DB2 база на податоци, Java, JavaScript и други напредни технологии).

Целокупната инсталација на програмскиот дел се наоѓа на сервер со Linux оперативен систем (RedHat Enterprise Linux/CentOS/Ubuntu), инсталиран web сервер Apache и програмски дел изведен во JavaScript (front-end) и PHP (back-end) технологија. На страната на корисникот-клиентот е потребен само интернет пребарувач (препорачан е Mozilla Firefox). Ваква web ориенирана инсталација овозможува графички интерфејс со голема резолуција, можност на испис на голем број информации на една страна без непотребни скролирања-минувања на нови страни, печатење (користење на различни видови на печатари без посебни менувања на програмскиот дел – стандардно инсталиран печатар) или испраќање на прегледите и исписите по e-mail со помош на стандардно инсталиран e-mail клиентски програм (Outlook, Outlook Express или Thunderbird), експорт на податоци во друг облик (на пример во Microsoft Excel) кои потоа би имало можност додатно да се обработуваат (на пр. изработка на графикони со помош на Microsoft Excel).

Услови за успешна имплементација
– Сигурност на интегритетот на податоците
– Безбедност за достап до податоците
– Брзина и ефикасен достап до податоците
– Модерна и напредна технологија
– Споивост со постоечката опрема на корисникот и проширливост на достапот
– Ниска цена на имплементација и одржување (TCO – Total Cost of Ownership)
– Едноставна и евтина можност за проширување и поврзување
[повеќе…]

produkti-5-small

Топ 10 Предности на web апликациите

– Нема потреба од специјална реконфигурација или промена на клиентската работна станица.
– Не зависи од оперативниот систем на клиентот.
– Достап од било каде во светот (со соодветни безбедносни мерки)
– Секој корисник може да работи од било која работна станица, со соодветно автентицирање на системот.
– Ниски трошоци на инсталација и работење бидејќи клиентските работни станици не мораат да бидат со голем капацитет.
– Податоците се комплетно централизирани на серверот, каде што се потполно безбедни.
– Едноставна заштита и backup на податоците.
– Централизиран систем за одржување и надградба на апликативниот софтвер, бидејќи ништо не се инсталира кај корисникот (на работната станица).
– Интуитивен интерфејс, лесно препознатлив за корисниците
– Брза обука за употреба.

  • (02) 3090-233
  • [email protected]
  • Contact Us
    • Facebook
    • Twitter
    • Google+
    • Linkedin

Компанија

Вредности

Нашиот тим

Корпоративен софтвер

© 1989 - 2023 Infoproject