Вредности

Бизнис филозофија

Ние цврсто веруваме дека нашиот успех е директно поврзан со тоа колку придонесуваме во помагањето нашите клиенти да ги постигнат своите бизнис цели денес и во иднина. 
Се трудиме нашите решенија да имаат потенцијал да ја зголемуваат профитабилноста и да ја максимизираат инвестицијата во информатичката технологија, со што им помагаме на клиентите да работат ефикасно со минимално потрошено време на софтверска поддршка.

Споивост со стандардите ISO

Во Инфопројект, нашата примарна задача е да ви помогнеме да го рафинирате своето работење и да креирате нови процеси со примена на софтверски систем кој треба да постави цврста рамка на процеси, стратегии и алати за поддршка на работењето, а сепак да биде доволно флексибилен за да ги акомодира непредвидените, вонредните или новите потреби и случувања во секојдневното работење.
Рамката која е поставена не е произволна и измислена, па затоа и потенцијално неприменлива. Се работи за семејството на меѓународни стандарди ISO. Овој сет стандарди ги специфицира барањата за систем на управување со квалитет за секоја организација која сака да ја демонстрира можноста конзистентно да продуцира производи и/или услуги кои се во согласност со барањата на своите купувачи и применливите законски, технички и други барања, и чија постојана цел е подобрување на задоволството на купувачите.

Квалитет

Одржуваме интензивна програма за контрола на квалитетот, со нагласок на перформансите и сигурното работење. Quality Excellence Award се доделува на компании кои одржуваат високи стандарди во работењето, квалитет во продукцијата и задоволството на корисниците – доделена од самите корисници.
Постојано ги подобруваме своите производи и услуги, употребувајќи ги најновите докажани компјутерски и софтверски технологии за развој. Како резултат на garantiran-kvalitetова, производите на Infoproject се наоѓаат на врвот на технологијата скоро деценија и пол.

 

Со големо внимание, софтверот кој е развиен во нашата компанија е прилагоден на потребите на ISO стандардите, сè до последното правило. Ова значи дека имплементацијата на ISO стандардите е многу олеснета и поедноставена, сега, кога рамката за негова примена е присутна.

Ова прилагодување не е правено херметично или волонтерски, туку во соработка со многу консултанти и експерти, а најважно е тоа што е во употреба во повеќе ISO-сертифицирани фирми, во кои ги покажува сите свои предности и ефикасност.

Но, ова не значи дека не е применлив и во фирми во кои не се воведени (или не се воведуваат) стандардите ISO. Напротив, флексибилноста и прилагодливоста на софтверското решение прави тоа да биде „како дома“ во било какво окружување и било какви барања. Од друга страна, добро е да се знае дека поддршката за ISO стандардите е тука. На тој начин, ако почнете со негова имплементација, трошоците за софтвер ќе бидат значително намалени.