Инфопројект
  • Facebook
  • Linkedin
  • Twitter
  • Дома
  • Компанија
    • Компанија
    • Вредности
    • Нашиот тим
  • Корпоративен софтвер
    • Infomatrix Backup
    • Корпоративен софтвер
    • Infomatrix
    • Infomatrix Wholesales
    • Infomatrix Finance
    • Infomatrix Real Estate
    • Infomatrix Pharmaceutical
    • Infomatrix Food Production
    • Infomatrix Retail
    • Бизнис Херој
  • Ценовник
    • Ценовник на основни модули
    • Ценовник за поддршка
  • Технологија
    • Технологија
    • Услови за успешна имплементација
  • Контакт
  • EnglishEnglish
  • Home
  • Услови за успешна имплементација

Услови за успешна имплементација

Сигурност на интегритетот на податоците

Можеби најголемата вредност на секоја компанија се нејзините податоци. Без нив, таа како да не постои. Замислете што би правеле ако ги изгубите своите ценовници, фактури, документи, информации за обврски и побарувања.

Безбедност за достап до податоците

Во време на вистински поплави на хакери, вируси, тројани и „црвци“, вашите податоци се позагрозени од било кога.
Еден од клучните фактори за безбедноста е употребата на web серверот. Apache е сервер кој се употребува на повеќе од 70% од сите web-сајтови на Интернет. Тоа доволно зборува за неговата безбедност, робустност и сигурност.

Ниска цена на имплементација и одржување (TCO – Total Cost of Ownership)

Лиценцата за Linux оперативниот систем е бесплатна – не се наплаќа ниту денар. Ова е потполно легално и без ризик за компанијата (се работи за т.н. GPL – General Public Licensing, лиценца која е бесплатна). Единствено што се плаќа е неговата инсталација и подесување. Споредено со набавката на, на пример, Windows базиран сервер, разликата се мери во илјадници долари.

Брзина и ефикасен достап до податоците

Добар оперативен систем не е ништо ако заедно со него немате и солидна, безбедна и брза база на податоци, која од друга страна е модерна и може да ги опфати сите видови на податоци кои се појавуваат во вашата компанија.
MySQL е потполно бесплатна база со enterprise карактеристики, омилена меѓу компаниите во светот. Таа е во сопственост на „Компанијата за бази на податоци“ – Oracle.

Модерна и напредна технологија

Опер

ативниот систем Linux и базата на податоци DB2 го претставуваат самиот врв на технологијата денес. IBM е најстабилната светска ИТ компанија со стогодишно искуство и на неговите продукти се потпираат најголемите корпорации. Со своите огромни развојни ресурси, IBM постојано се наоѓа на челото на корпоративниот софтвер.

Споивост со постоечката опрема на корисникот и проширливост на достапот

Кога се прави една радикална набавка на нов сервер, нов софтвер и се воведуваат измени во работењето, најмалку што ви е потребно се додатни трошоци за работни станици, принтери, локална мрежа…

Едноставна и евтина можност за проширување и поврзување

Поради флексибилноста на употребениот софтвер (оперативниот систем и базата на податоци), кога ќе се појави потреба за проширување – на пример, за поголем капацитет, или можеби за нова истурена локација, магацин или продавница, тоа се прави со брза интервенција, ниска цена на имплементација и со употреба на лесно достапен универзален хардвер кој не бара посебни услови.

  • (02) 3090-233
  • [email protected]
  • Contact Us
    • Facebook
    • Twitter
    • Google+
    • Linkedin

Компанија

Вредности

Нашиот тим

Корпоративен софтвер

© 1989 - 2023 Infoproject