Infomatrix Backup

Супербезбеден
систем

Бидете сигурни дека вашите податоци се заштитени. Со користење на најновите системи за енкрипција, податоците се праќаат преку енкриптиран и заштитен „тунел“ од вашиот сервер - до нашиот податочен центар.

Закрепнување
од катастрофа

Во случај на губење на податоци (поплава, кражба на серверот, струен удар или други непогоди) - знајте дека вашите податоци се безбедни.

Непречено
работење

Со правење на редовни бекапи, вие можете да продолжите со работа поврзани на нашиот податочен центар - дури и во случај да ги изгубите вашите сервери и/или податоци.

Kој е проблемот кога немате бекап на податоците?

Пред некое време, еден мој пријател ми испрати SMS порака. Само две кратки реченици:

„Завршивме работа. Пропаднавме“.

Хард дискот на неговиот сервер – на кој се чуваат непроценливи документи кои се клучни за функционирањето на компанијата – катастрофално настрадал при струен удар. Покрај хард дискот, останатата скапа опрема исто така изгорела во струјниот удар, но тоа е незначително во споредба со непроценливите податоци кои се чуваат во базата на податоци. Историјата на компанијата исчезна туку така – во еден момент. И да, ова е вистинска приказна.

Моето прво прашање беше: Дали твојата компанија има сигурен план за резервна копија и за закрепнување во случај на катастрофи?

– Дали знаевте дека 3 од 4 компании не успеваат да закрепнат од гледна точка на враќање на податоци?

– Дали знаевте дека 60% од компаниите кои ги губат своите податоци ќе најчесто затвораат во рок од 6 месеци по катастрофата?

Зошто да правите бекап кај нас?

Законот за чување на податоци забранува складирање на податоци поврзани со македонски компании надвор од Македонија. Бидејќи нашиот податочен центар е лоциран во Македонија – овој проблем е надминат (што не е случај со безброј сервиси кој се нудат online, но се најчесто лоцирани во САД).

Зошто е побезбедно кај нас?
Секоја датотека е шифрирана и складирана сè додека не се јави потреба од нејзино користење. Серверот нема директен пристап до Интернет. Користи напредни безбедносни решенија како VPN тунели и мулти-проксирање што го прави практично невозможен пристапот без дозвола.

Непогоди се случуваат. што понатаму?
Во случај на губење на податоците или кражба на вашата опрема, во рок од 24 часа вие добивате потполно функционален систем, хостиран на нашиот податочен центар со вашите работни податоци. На овој начин бидете сигурни дека ќе продолжите со работа.

Деловен континуитет
Ние нудиме на компаниите загарантиран деловен континуитет. Продолжете со работа и генерирање приходи дури и во итни случаи.

24/7 поддршка
Во случај на елементарна непогода или губење на вашите податоци поради било кој причинител, нудиме 24/7 поддршка за реставрирање на целата база на податоци.

ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА

Понудите ги правиме по желба на корисникот и во зависност од типот и големината на базата на податоци.

На пример: може да правите бекап секојдневно или на помалку денови (минимумот е 7 дена – за да се гарантира континуитет на податоците).

Во зависност од колку простор ќе зема вашиот бекап – ќе добиете понуда која ви одговара вам!

Дополнителна опција која ја нудиме е и доставување на бекап на USB медиум или екстерен хард диск (на ваше барање, го доставуваме последниот направен бекап на податоците и во физичка форма).

Ако имате специјално барање или прашања, можете да нè контактирате директно преку нашата форма за контакт, или на нашиот меил: