Infomatrix ERP

ERP е акроним за Enterprise Resource Planning. Овој моќен информатички систем ги интегрира и автоматизира сите клучни бизнис процеси. Како на пример: земање нарачки, закажување активности, следење/обновување на залихите и финансиските информации. Infomatrix системот овозможува огромни подобрувања во ефикасноста на било која компанија преку:

  • Дефинирање на бизнис активностите и следење на истите низ целиот ланец на производство.
  • Заштитување на критично важни податоци преку неколку слоеви на backup и безбедносни порти кои ги чуваат сите клучни информации од било каква опасност.
  • Планирање на работниот товар врз основа на автоматски спремена прецизна анализа на порачките, залихите и каналите на испорака.
  • Ви обезбедува алатки со кои можете да им испорачата на вашите клиенти високо ниво на услуга и додадена вредност.
  • Преведување на сировите податоците во употребливи информации за носење на критични одлуки.

По имплементацијата, компанијата која го користи Infomatrix системот ќе увиди неколку значителни ефекти во работењето:

Интеграција низ сите бизнис процеси

Informatrix ви овозможува да ја добиете полната придобивката од Infomatrix систем со интегрирање на сите аспекти на вашиот бизнис од продажба и односот со клиентите, низ планирањето и организирањето, до производството и дистрибуцијата.
Оваа интеграција ви овозможува да донесувате информирани одлуки, да ги намалите трошоците и да ја зголемите продуктивноста, обезбедувајќи континуиран раст и развој на вашиот бизнис.

Автоматизацијата и зголемување на продуктивноста

Преку автоматизацијата на активностите, Infomatrix системот ги прави поефикасни, ги намалува можностите за грешки, ја забрзува работата и ги ослободува вработените од двојната работа.
Оваа автоматизација ви овозможува да се фокусирате на стратешките активности, подобрувајќи го целокупното работење на вашата организација и обезбедувајќи континуиран раст и успех. Со Infomatrix можете да ги елиминирате рутинските задачи, да го намалите времето на извршување и да ги оптимизирате ресурсите.

Подобрување на целокупните перформанси

Преку интегирање на различните бизнис процеси, Infomatrix системот осигурува кохерентност, избегува двојни внесови или дисконтинуираност на работата меѓу различни вработени од различни сектори.
Кумулативниот позитивент ефект од интеграцијата на бизнис процесите е целокупниот супериорен перформанс на компанијата.

Квалитетни извештаи и анализи

Infomatrix системот ви овозможува да добивате финансиски и нефинансиски извештаи и анализи за перформансите на вашата компанија.
Нашите напредни аналитички алатки ви овозможуваат да генерирате детални и прецизни извештаи кои ја рефлектираат вистинската состојба на вашето работење. Со Infomatrix лесно ќе ги идентификувате трендовите и ќе ги откриете можностите за подобрување, обезбедувајќи го успехот и растот на вашата компанија.

Интеграцијата низ целиот ланец на работа

Интеграцијата низ целиот ланец на работа, вклучувајки ги вашите клиенти и добавувачи, ви овозможува целосна видливост и следливост.
Сите оддели и функции во вашата организација работат како еден, овозможувајќи безпрекорна координација и комуникација. Оваа интеграција ви овозможува да ги намалите оперативните трошоци, да ја зголемите продуктивноста и да ги подобрите вкупните перформанси на вашата компанија.

Infomatrix ERP вистински „cloud“ софтвер на македонскиот пазар кој ќе ви помогне да управувате со бизнис процесите во вашата компанија, како што се сметководство, производство, набавка, архивирање, залихи. Со примена на Cloud технологијата, Infomatrix ви овозможува пристап до системот од било кој компјутер, во било кое време, само преку интернет пребарувач (Firefox, Chrome, Safari…).

Независно од големината на вашата фирма, овој софтвер е особено корисен за како за големите – така и за микро, малите и средни претпријатија во Македонија – бидејќи ги намалува трошоците при нивното работење.

Доколку сакате вашата компанија да работи попрофитабилно, треба да се определите за воведување на софтвер со кој ќе си го олесните управувањето со бизнис активностите. Колку побрзо овој систем ќе биде воведен, толку побрзо ќе се постигнат и посакуваните резултати. Infomatrix ERP ви нуди лесен пристап до архивата на податоци и едноставно процесирање на активностите, штедејќи го вашето време и парите, бидејќи сите задачи се извршуваат побрзо без потреба од нова инвестиција.

Со овој софтвер се функционира како една голема структура, на безбеден и сигурен начин. Ваквиот пристап овозможува да се намалат грешките при работењето и да се зголемат перформансите на претпријатијата. Без оглед на физичката лоцираност на корисниците и нивните податоци, работењето на претпријатијата се одвива непрекинато. Достапноста и олеснетиот пристап кои се овозможени со овој софтвер ги рушат сите просторни и временски бариери за успешна реалзација на бизнис активностите.

Големиот број активности како што се продажбата, приемот на стоки, сметководството, производството, планирање, менаџирањето човечки ресурси итн., кои се дел од работата на едно претпријатие, одземаат многу време и се поврзани со големи материјални трошоци при нивната реализација. Голем број компании во светот токму поради овие причини се преориентираа и користат софтверски сервиси за да управуваат со различните аспекти на нивните бизниси. Без дополнителни трошоци за модернизиран хардвер, софтвер и специјално обучен ИТ кадар, користејќи стандардни интернет прелистувачи и конекција, овие претпријатија брзо, лесно и едноставно се вклопуваат во деловното секојдневие, бидејќи работат преку технологија која им е добро позната на сите.

Главната цел на секое претпријатие е да го зголеми својот профит. Ова е можно преку подобрување на ефикасноста на компанијата, зголемување на продажбата на производите и услугите, намалување на трошоците и сл. Софтверите кои се наменети за олеснување на управувањето со активностите на вашето претпријатие доведуваат до значајно подобрување на компаниското функционирање. Унапредување на работењето внатре, во самата копмпанија, меѓу нејзините различни сектори, се одразува и на квалитетот на бизнис комуникациите со надворешната средина, а на тој начин несомнено се зголемува и самата профитабилност.