За нас
Поткрепена со речиси 35 годишно искуство и воедно прва информатичка компанија во Македонија, Инфопроjект изработува и нуди врвни софтвери за компаниски менаџмент. Инфопроjект изработува специјално изработени деловни програми, креирани според барањата и потребите на клиентот.
Нашиот софтвер се заснова на робустна техонологија која има супериорни одлики споредбено со застарените решенија од овој вид. Ваквиот персонализиран пакет овозможува лесна имплементација, комплетна заднинска обработка на важните податоци и моментална изработка на прецизни и детални извештаи.
Сеопфатниот систем на работење им овозможува на нашите клиенти намалување на трошоците, значителна ефикасност во работењето, како и заштеда на време и средства. Информациите и времето се највредните ресурси, а нашиот софтвер овозможува враќање на инвестицијата (RoI).
Нашите корисници се домашни и странски фирми кои веќе ги чуствуваат придобивките зголемување на добивката, намалувањето на трошоците, заштеда на ресурси и зголемување на продуктивноста. Како резултат на нашето долгогодишно искуство, ние лесно можеме да ги идентификуваме проблемите со кои се соочуваат нашите клиенти и да понудиме соодветно решение. Имплементацијата на нашите решенија е брза, и истите можат веднаш да се користат. Инфопроjект стои зад квалитетот на нашите софтверски решенија, за што говори листата на нашите лојални клиенти. Листата е екстензивна, а ова е само еден дел од неа.
Клиенти
|
|
---|---|
Адинг АД, Скопје
|
Две фабрики, од кои едната во странство, 10 интернационални претставништва и продажни точки
|
Центро Унион, Скопје
|
Еден од најголемите дистрибутери на бела техника, електроника и уреди за домаќинство во Македонија, повеќе илјади купувачи), дистрибуција на стока низ државата, увоз-извоз, итн.
|
Факултет за ветеринарна медицина
|
100 кориснички места, Лабораториски систем за управување на испитувањата во национално и регионално сертифицирани лаборатории
|
Црвен Крст на Република Северна Македонија
|
Црвениот Крст е меѓународна хуманитарна организација која пружа итна помош, поддршка и заштита на луѓето во кризни ситуации и конфликти.
|
Градежен Институт Македонија
|
Водечка компанија во полето на градежништво преку постојано вложување во иновација и човечки капитал.
|
Феро Инвест Групација
|
Лидери во Македонија и регионот на Западен Балкан во обновливите извори на енергија и металната индустрија.
|
USAID Food Security and Social Services
|
Програма на USAID која обезбедува поддршка за подобрување на пристапот до храна и социјални услуги за ранливите заедници.
|
Комерцијална Банка АД Скопје
|
BMS (Building Management) Систем
|
Шорткат продукција
|
Масивно решение за хостирање за медиумска платформа со слободен говор со 15 портали за вести.
|
Белина Скопје
|
Големопродажба на бои и лакови, градежни материјали, земјоделски алатки и останато.
|