Услови за успешна имплементација
Сигурност на интегритетот на податоците
Можеби најголемата вредност на секоја компанија се нејзините податоци. Без нив, таа како да не постои. Замислете што би правеле ако ги изгубите своите ценовници, фактури, документи, информации за обврски и побарувања.
Безбедност за достап до податоците
Во време на вистински поплави на хакери, вируси, тројани и „црви“ (worms), вашите податоци се позагрозени од било кога.
Еден од клучните фактори за безбедноста е употребата на web серверот. Apache е сервер кој се употребува на повеќе од 70% од сите web-сајтови на Интернет. Тоа доволно зборува за неговата безбедност, робустност и сигурност.
Ниска цена на имплементација и одржување (TCO – Total Cost of Ownership)
Лиценцата за Linux оперативниот систем е бесплатна – не се наплаќа ниту денар. Ова е потполно легално и без ризик за компанијата (се работи за т.н. GPL – General Public Licensing, лиценца која е бесплатна). Единствено што се плаќа е неговата инсталација и подесување. Споредено со набавката на, на пример, Windows базиран сервер, разликата се мери во илјадници евра.
Брзина и ефикасен достап до податоците
Добар оперативен систем не е ништо ако заедно со него немате и солидна, безбедна и брза база на податоци, која од друга страна е модерна и може да ги опфати сите видови на податоци кои се појавуваат во вашата компанија.
MySQL е потполно бесплатна база со enterprise карактеристики, која има огромна застапеност на светстко ниво.
Модерна и напредна технологија
Нашата компанија се гордее со користење на модерна и напредна технологија во сите наши решенија и услуги. Ние постојано ги следиме најновите трендови и иновации во ИТ индустријата за да им обезбедиме на нашите клиенти најсовремени и ефективни решенија. Без разлика дали се работи за софтверски развој, управување со податоци или безбедносни системи, нашите технолошки платформи се дизајнирани да бидат брзи, сигурни и лесни за користење. Со модерната и напредна технологија, ви помагаме да го зголемите вашето бизнис-потенцијал и да бидете чекор пред конкуренцијата.
Споивост со постоечката опрема на корисникот и проширливост на достапот
Кога се прави една радикална набавка на нов сервер, нов софтвер и се воведуваат измени во работењето, најмалку што ви е потребно се додатни трошоци за работни станици, принтери, локална мрежа…
Едноставна и евтина можност за проширување и поврзување
Поради флексибилноста на употребениот софтвер (оперативниот систем и базата на податоци), кога ќе се појави потреба за проширување – на пример, за поголем капацитет, или можеби за нова истурена локација, магацин или продавница, тоа се прави со брза интервенција, ниска цена на имплементација и со употреба на лесно достапен универзален хардвер кој не бара посебни услови.