Infomatrix Wholesales

Infomatrix Wholesales е верзија на Infomatrix кој ги автоматизира сите процеси потребни за позадинска поддршка на комерцијалистите. За една компанија чиј што бизнис е фокусиран на продажба, од исклучителна важност е да сите процеси бидат интегрирани.

Infomatrix Wholesales е повеќе од контакт менаџмент. Тој е целосно интегриран и автоматизиран ERP систем кој ви дава пристап во реално време до целата ваша продажна мрежа. Вашиот тим има пристап до каталогот, цените, расположливите залихи, нови производи и статус на клиентите. Продажната аналитика ви дава увид во однесувањето на клиентите и можност да брзо реагирате на нивните потреби. Овој моќен информатички систем ќе го засили вашиот продажен тим и ќе ви овозможи да извлечете максимумот од продажбата и профитот.

За таа цел, Infomatrix Wholesales ви овозможува:

Минимизирање на време на внос

Минимизирање на времето во кое комерцијалистите внесуваат нарачки и проверуваат залихи. Тоа им ослободува време за повеќе продажби.

Контакт менаџмент

Преку кој можете да ги следите активностите на секој комерцијалист и да се осигурате дека вложуваат доволно труд и време на правилните контакти.

Следење на продажбата

Повеќе детали можете да видите на секој контакт, потенцијална реализација и клиент. Менаџирањето на клиентите на овој начин ја осигурува ефикасноста во работењето.

Организирање и планирање

Можете да доделувате задачи, да објавувате планови и да пополнувате календар за работа

Историја на работа

Која што се архивира за да може да се употреби за понатамошно зголемување на продажбата и ефикасноста.